Авионет е туристичка агенција основана во 2008 год.
Иако млада, агенцијата е перспективна, сигурна и транспарентна која секојдневно ја докажува својата лојалност кон купувачите со постојани новитети и загарантирана услуга.
Потребите за своите клиенти, кои од ден на ден се зголемуваат ги задоволуваме со константно проширување на понудата и ангажираноста на нашиот професионален и искусен тим да ве води низ целата процедура од одлука до реализација на вашата идеја. Авионет е агенција со А лиценца, одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија, и е акредитиран IATA агент и член во BSP IATA Македонија, со што Ви нудиме обезбедување на најповолни цени на авио билети за сите светски дестинации.
Нашите клиенти не инспирираат во обликувањето на нашата филозофија и не мотивираат во понудата за динамички решенија на секоја компанија, агенција, поединец.
Вашите потреби се нашите приоритети и се трудиме да ви понудиме итно решение. Ние сме секогаш на располагање. Го имаме на ум човечкиот фактор и ја разбираме комплексноста на природата на овој бизнис.
Сервисот на Авионет нуди уникатни, иновативни решенија, повеќе патни опции и желба да ви понудиме најдобра вредност за вашето патување. Грижата за нашите корисници ја темелиме врз основа на продуктивност, транспарентни цени, задоволство и заштеда – ние ги нудиме најдобрите во класата услуги на целосен туристички менаџмент. Ние го знаеме значењето на вашето време и пари. Ние сме тука да го направиме вашето патување пријатно и да ви го збогатиме искуството.
-Ви нудиме можност за осигурување по најповолни услови ( без франшиза – патувањето ке биде целосно покриено од страна на осигурителната компанија), полиса која ке ја изготвиме според вашите потреби и со која ќе можете безбедно да пристигнете до било која дестинација и ке си обезбедите 24h чувар на вашето здравје
Авионет делува во својство на Давател на услуги , за клиенти поединечно и за агенти како и консолидатор на други Туристичките агенции на Македонскиот пазар.
Авионет ги обезбедува следниве услуги:
подршка за издавање на авиобилети и нивна промена ,
резервации на седишта за постоечките и нови резервации ,
барања и интервенции за листа на чекање и други посебни услуги,
упатување на барања и одговори до авиокомпаниите
Авионет нуди директен пристап до сите авиокомпании од повеќе од 200 земји, со дестинации за над 10.000 аеродроми низ целиот свет.
Авионет има партнерски договор со Swiss (Швајцарскиот авиопревозник ) за подршка и помош на клиентите и Туристичките агенции кои се и не се членки на ИАТА .
На нашата веб страница можете да направите предрезервација или резервација со комплетен букинг. Сите цени на сајтот се транспарентни, со вклучени аеродромски такси и сите трошоци на една резервација.