Qatar Airways одговори на барањата на патниците кои имаа потреба од транспорт на своите домашни миленици низ светот – со тоа што ги надмина нивните очекувања и ја намали цената на најниска стапка досега, а истата се однесува за летови кон и од Катар.
Авиокомпанијата, исто така, повеќе од двојно ја зголеми досега дозволената тежина за пренос на домашни миленици и нивните кафези од 32 кг. на одлични 75 кг., а истите патуваат како чекиран багаж на истиот лет како и нивните сопственици.
При пријавување на својот лет, патникот е должен однпаред да најави дека е потребно неговиот миленик да патува со него со цел да добие потврда на резервацијата. Откако патникот ќе достави соодветен сертификат од ветеринар кој докажува дека миленикот е здрав и е безбедно истиот да патува со авион, животното се пренесува во посебно одредена област на Меѓународниот аеродром Хамад (HIA) на денот на патувањето.
Милениците (заедно со нивните кафези) кои се потешки од 75 килограми, се пренесуваат во безбедните раце на Qatar Airways-Карго. Овие миленици патуваат во специјално опремен дел за транспорт на животни на товарните авиони на авиокомпанијата. Со своите софистицирани капацитети за сместување на животни, QR Карго има и квалификувани кадри од областа на ветеринарство и сточарство кои патуваат заедно со животните.
Со ова значително намалување на трошоците а истоврмено подобрување на условите за пренос на домашни животни, Qatar Airways им овозможија на патниците удобно да патуваат со своите сакани миленици на истиот лет – полесно од било кога!