ОПИС

Сите деца, без разлика на возраста, пожелно е да имаат валиден документ и патна исправа со фотографија за време на патување. Дури и за бебиња до 2 год потребна е карта за влез во авион, и покрај тоа што немаат свое седиште. Храната за бебиња треба да е уредно спакувана со потребната количина за време на летот. Помошните транспортери за бебиња се оставаат пред скалите или вратата на авионот и се подигаат од исто место по слетувањето. Доколку сакате транспортерот за бебето да го имате со вас за време на лет, истиот мора однапред да се најави и да се доплати седиште за него.

Бенефиции кога патувате со деца

За деца над 2 год при купување авио билет добивате 33% на цената.
На летовите каде се служи храна, децата од 2 до 12 год добиваат специјални детски оброци за време на летот.

Припремете го вашето дете за лет

Не заборавајте да ги спакувате омилените играчки на вашето дете, земете книги, боенки, фломастери и ужинки кои ги сакаат вашите деца.
Доколку децата станат нервозни, плачливи и вознемирени за време на летот тоа е најчесто последица од разликата на воздухот и нискиот притисок. Пожелно е да му давате многу течности на детето за време на полетање и слетување.

Чувствувајте се удобно за време на летот
Удобно и топло облечето го вашето дете бидејќи има голема разлика во температурата надвор и во авионот. Избегнете ги крутите обувки и не ги заборавајте меканите чорапи и ќенбенца.

Деца кои патуваат без придружба на старател

Вашето дете може да патува без присуство на родители, авио компаниите имаат посебна услуга и сигурен сервис за деца кои патваат без придружба.
Ваша обврска е навремено да букирате и да ја доставите потребната документација, патна исправа, валиден билет и валидност на виза доколку е потребна како и податоците (полно име, адреса, контакт). Најавеното дете ќе биде придружувано од страна на службено лице за време на целото патување. Службеникот ќе го превземе вашето дете од лице (наведено во докуметација дека го испраќаќа) и ќе го спроведе до лице (наведено во докуметација кое го пречекува).
Услугата придружба на дете изнесува еур 40 од правец.