Опис

Аеродромот во ЦИРИХ е лоциран на само 11 минути со воз од центарот на градот. Цирих е комерцијален центар на земјата и како најголем град во Швајцарија е исто така добра појдовна точка за патувања во швајцарските планини. Аеродромот во Цирих е простран, што значи времето за трансфер е кратко, може за максимум 30 минути да се пристигне од шалтерот до излезот.

Патниците и гостите се едногласни дека атрактивната и ултра модерна инфраструктура е важен фактор во меѓународниот воздушен сообраќај. Постојат повеќе од 80 продавници кои работат седум дена во неделата, до 21:00 ч. (за намирници до 23:00ч).

Брз интернет и WiFi услуга е достапна насекаде на аеродромот, и можете да го користите бесплатно во рок од еден час. Бизнис автобус Бизнис патниците на кратки дестинации ќе бидат пренесени со посебен автобус. Бизнис автобусот оди директно до излезот, без да се чека. Транзит во Цирих Менувањето на летови е брзо и ефикасно во Цирих, благодарение на кратко време на пренос и директни линии. За подолг престој, транзитниот простор на аеродром има продавници, ресторани, и салони за одмор.

Линк до аеродромот во Цирих:
https://www.zurich-airport.com/

Loading Maps