Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага.
Редот на летање е направен да одговара и на деловните и на туристичките патници.
Чех ерлајнс (CSA) ќе почне да оперира на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’.
Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 06:00 по локално време.
Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време.
Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од 14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00:25.
Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас A319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Чех ерлајнс (CSA) планира да оперира преку целата година.
За подетални информации и резервации контактирајте не на тел. 02/ 3117-544 Авионет