Сега, седиште со дополнителен простор за нозете на редовите кај излезите може да биде избран и пред лет! Во зависност од вашите преференции, изборот на седиште може да биде наплатен или бесплатен.
Ајде да го изберете вашето место и да се подготвите за радосен лет.
Правила и услови Пат | Кабина | Седиште | Цена |
Сите AnadoluJet летови | економска класа | (Излез ред) * | 27,00 TL |
Средни релации | економска класа | (стандард) | Бесплатно |
Средни релации | економска класа | (Излез ред) ** | 59,00 УСД |
Долги дестинации | економска класа | (стандард) | Бесплатно |
Долги дестинации | економска класа | (Излез ред) *** | 79,00УСД |
Сите правци | бизнис класа | сите места | Бесплатно |
* Достапно само на авионите од типот Боинг 737-800
** Дозволени правци на продажба (Ред за Излез) – Делхи
*** Дозволени правци на продажба (Ред за Излез) Атланта, Бангкок, Пекинг, Бостон, Чикаго, Дака, Гуангџоу, Хонг Конг, Хјустон, Катманду, Куала Лумпур, Лос Анџелес, Манила, Мајами, Монтреал, Њујорк, Сан Франциско, Сеул, Шангај, Сингапур, Тајван, Токио, Торонто и Вашингтон.
Туркиш Ерлајнс има дискреционо право да утврди дали патниците ги исполнуваат барањата за да седат во седиштето на итен ред. Ако патникот не ги исполнува условите, ке му биде доделено алтернативно седиште. Дополнителниот износ платен за место во итен ред ќе се задржи и нема да биде вратен.
Airport Council International – ACI ја објави листата на најфреквентни аеродроми во светот. Според бројот на патници, Ататурк аероромот се најде на 11-тото место. Во споредба со предходната година, со пораст од 8,2% Ататурк аеродромот ги надмина аеродромите на Франкфурт и Џакарта и достигна бројка од 61.836.78 патници.
Аеродромот Ататурк го скрши рекордот на сите времиња со 1500 полетувања и слетувања во еден ден и беа опслужени 156.941 патник. Предходниот рекорд беше само неколку дена предходно односно на 9 Сеп 2016 со 1478 полетувања и слетувања.
По случувањето на немилите ситуации, достигнувањето на ваквиот рекорд докажува дека и покарај сите негативни влијанија, успехот е достигнат. Од 15-ти Јул се воведени позасилени мерки, се проверуваат сите возила а посомнителните се подвргнати на темелни проверки. На влезовите на аеродромот се поставени дополнителни рендген врати.
За зголемување на безбедноста на патниците и граѓаните исто така се поставени дополнителен број рендген врати на влезовите на сите Метро станици и влезовите во трговските центри.