Полската авиокомпанија LOT информира дека наскоро започнува со нова прекуокеанска линија меѓу Варшава и Мајами-Флорида! Од 01 јуни 2019 ќе може да се користи оваа линија четири пати неделно – понеделник, среда, петок и сабота.
Поаѓањето во наведените денови се планира да е во 12:05ч. а пристигнувањето во Мајами во 17:30ч. по локално време. Летот вкупно ќе трае 11 часа и 25 минути. Враќањето за Варшава се планира да е во 20:05ч. а пристигнувањето во 12:15ч. по локално време наредниот ден, после 10 часа лет.
Полската авиокомпанија веќе започна со редовни летови од Скопје до Варшава од 01 јуни 2018 година, секој ден освен во недела. Со тоа нашите патници, но и патниците од регионот ќе имаат можност лесно да стигнат до Мајами со едно застанување.
Мајами е еден од најголемите пазари во САД кој не беше сервисиран од страна на LOT, покрај досегашните 13 прекуокеански дестинации од кои 5 во Северна Америка.
Резервирајте веднаш на тел. 02/ 3117-544 Авионет.