ОПИС

Мајорка е најголемиот остров во Шпанија и е дел од Архипелагот Балеарски Острови. Заради својата идеална местоположба во Западниот Медитеран, со векови овој остров бил мета на разни освојувачи, чии влијанија и денеска се гледаат и чуствуваат.
Денеска Мајорка е Кралица на Европскиот туризам, прибежиште на љубителите на сонце, море и добар провод. Скриените лагуни, долгите, песочни плажи, боровата шума, палмите и совршената клима ја прават идеална за одмор.

Главниот град Палма се наоѓа на југот на островот и е вистинско монденско место со голем број на луксузни хотели, вили и стари автентични четврти. Се е подредено за гостите да имаат совршен одмор и добра забава.

Плаја Де Палма / Ел Аренал
Ова се летувалишта на јужниот брег на Мајорка, 10км. југоисточно од градот Палма и 5км. од Аеродромот. Со години плажите на оваа област се обележени со плави знаменца заради квалитетот и чистотата на водата. Многубројните ресторани, барови и дискотеки ги прават овие места привлечни за помладата популација на туристи. Недалеку од Аренал е и Aqualand , еден од најголемите водени паркови во овој дел на Европа.

Авионет ви нуди

a

Сместување во хотел HM Tropical 4* – 7 ноќевања на база полупансион
Авионски билет во два правца Скопје Виена Палма
Трансфер аеродром хотел во два правца
Датум на патување 01.08 – 08.08
Цена ЕУР 985