ОПИС

За сите патници кои патуваат со новороденчиња и бебиња корисни и поволни услуги со летовите на WIZZ AIR

1.Бесплатно Приоритетно влегување во авионот ако патувате со новороденче или бебе.
2.Безбедна брза лента.
3.Дозволено носење на претходно спакувани бебешка храна и течности.
4.Дозволено е да носите една бебешка количка на расклопување или мала лулка
во авионот бесплатно.

Што треба да носите во авион ако патувате со новородече или бебе:

1. Пелена за секој час од патувањето.
2.Бебешки марамчиња.
3.Алишта за промена.
4.Резервни цуцли.
5.Мали играчки.

Услови за носење на бебешки колички во авион:
  • Бебешките колички може да се носат до вратата или скалите на авионот каде член на екипажот на Wizz Air безбедно ќе ги смести за Вас.
  • Бебешките колички може да си ги земете кога ќе го напуштате авионот.
  • Бебешките колички мора да се означат на шалтерот за пријавување или за оставање на багаж.
  • Патниците кои се пријавиле на интернет и носат само рачен багаж, количката може да им се означи на портата за влегување во авионот.
Услови за цени на патување на новороденче и бебе во авион:
  • Новороденче и бебе на возраст до 2 години може да патуваат во скутот на возрасното лице што ги придружува со плаќање такса од 27 евра по еднонасочен лет.
  • Возрасен патник кој придружува новороденче или бебе и има билет за еднонасочен лет по цена од 27 евра или пониска ке плати такса за новороденче или бебе со ист износ од 27 евра.
Услови за патување на новороденче и бебе во авион:
  • Само едно новороденче може да патува во скутот на едно возрасно лице во придружба.
  • Во авионот може да се носи детска колична бесплатно наместо дозволениот багаж.
  • Седиштата за автомобил свртени наназад за новороденче и бебе може да се носат во авионот ако се купи дополнително седиште.
  • Бебињата треба да имаат под 2 години на датумот и на појдовниот и на дојдовниот лет во периодот на патувањето.