Bratislava, Slovakia

Опис

Скопје – Братислава – Скопје.
Три пати во неделата со Wizz air.
Цени почнувајќи од МКД 3020  (за повратен авионски билет со вклучени аеродромски такси и сервисна такса за издавање на картата )

 

Братислава главен град на Словачка. Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави. Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.

Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, Собрание и Влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции .
Повеќето од историските згради се наоѓаат во стариот дел од Братислава. Стариот братиславски хол е комплекс од три згради кои биле подигнати во 14 век и 15 век и сега во него опстојува Градскиот музеј на Братислава. Михаеловата порта е единствена порта која била зачувана од средновековната фортификација и е една од најстарите објекти во градот. Зградата на универзитетската библиотека која е подогната во 1756 година била користена од страна унгарската администрација од 1802 до 1848.

Историскиот центар на градот е составен од повеќе барокни згради изградени околу 1760 година и денес тука се наоѓаат палатата на словачкиот претседател и владата на Словачка.

Покрај овие згради, во овој дел од градот се наоѓаат и катедрали и цркви како на пример катедралата Свети Мартин изградена од 13 век до 16 век и служела како место за крунисување на унгарските кралеви од 1563 до 1830 година. Покрај неа, тука се и Франциската црква која датира од 13 век и црквата Света Елизабета која е попозната како Сина Црква поради нејзината боја.

Останати значајни структури во градот се Новиот мост на реката Дунав кој има ресторан налик на НЛО, зградата на словачкот радио која е во форма на превртена пирамида камзичката телевизиска кула која има ротирачки ресторан.

Братиславски замок.

Една од најзначајните градби во Братислава е Братиславскиот замок кој се наоѓа на едно плато на надморска височина од 85 метри

Девински замок.

Девинскиот замок бил долго време во рушевини кој бил скоро обновен во близина на реката Морава која пак ја создава границата со Австрија. Тој е еден од најзначајните словачки археолошки локалитети и има музеј кој е посветен на неговата историја

Паркови и езера

Поради близината на планините, Братислава има доста пошумени површини во близина на градот.  Најголемиот парк е Горскиот парк во стариот дел од градот. Братиславскиот шумски парк се наоѓа на Малите Карпати и е популарен меѓу народот.

Градот има одреден број природни и вештачки езера кои најмногу се користат за рекреација. Така на пример се забележуваат езерата Штрковец, Кухајда, Злате Пјески, Вајнори и Русовце.

 

 

Резервирајте веднаш на тел. 02/3117-544 Авионет

Loading Maps