Опис

Втор по големина аеродром во Германија е аеродромот во Минхен MUNICH INTERNATIONAL со код MUC. На прво место се наоѓа аеродромот во Франкфурт. Врз основа на големината аеродромот во Минхен го зазема седмото место во Европа. Munich International се наоѓа околу 30 км североисточно од центарот на градот и е поврзан со железница и автобус.
На релација Скопје – Минхен со директен лет оперира само нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air и слетува на Меминген, кој се наоѓа на околу 100 км. западно од градот Минхен. Аеродромот е поврзан со локални автобуси до железничката станица во Мемингем ( патувањето трае околу 15 мин. ) Со железничките линии се поврзуваат Минхен, Штутгард, Улм, скијачките одмаралишта во Оберздорф, до Бергенц во Австрија и до Цирих во Швајцарија. Има и директни автобуски линии ( Allgaeu Airport Express ) кои го поврзуваат аеродромот во Мемингем со Минхен, Цирих, Ст.Гален…
Други авио конекции на релација Скопје – Минхен ( Munich International ) има со еден трансфер преку: Белград, Загреб, Виена, Љубљана, Цирих, Истанбул и Рим.
Преку Минхен со авиокомпанијата Луфтханза на патниците им се обезбедуваат одлични врски до голем број на дестинации до Северна Америка, Канада, Азија, Блискиот Исток, Сао Паоло во Бразил и Јоханесбург во Јужна Африка. Како и до егзотичните дестинации, како што се на Карибите, Маурициус, Занзибар, Намибија.

Дестинација Авио превозник Цена
СКОПЈЕ – МЕМИНГЕМ Wizz Air од 1199 мкд
СКОПЈЕ – МЕМИНГЕМ – СКОПЈЕ Wizz Air од 2398 мкд

 

*Цените се изразени во евра, додека пак плаќањето се врши во денарска противредност

*Во цените не е вклучена сервисната такса за издавање на картата

Loading Maps