Деловни патувања · Авионет

Ние се грижиме за службените патувања, за вие да се грижите за бизнисот.

Повеќе контрола, помалку грижи и локална поддршка на која можете да сметате.

Побарајте понуда

Проблемот

Без добра организација, службените патувања чинат повеќе.

Кога вработените сами купуваат билети и резервираат хотели на различни сајтови — со лични картички, без координација — немате преглед на трошоците, следите сметки од повеќе платформи и координирате рефундирање. Со Авионет сѐ оди преку еден партнер и една фактура.

  • Вработените губат работно време на пребарување и резервација
  • Немате јасен преглед на вкупните патни трошоци
  • Кога ќе се смени лет или откаже — нема кој да реагира
  • Премногу координација помеѓу различни резервации и добавувачи

Што добивате

Еден партнер за сите ваши службени патувања.

Доделуваме посветен агент кој ја запознава вашата компанија — потребите, темпото, буџетските рамки. Тој агент ги организира сите патувања, праќа фактури и е достапен кога ќе треба нешто да се промени.

Сѐ на едно место.

Авиобилети

Резервација и издавање билети за редовни и low-cost авиокомпании. Го наоѓаме летот што најдобро одговара на распоредот и буџетот.

Хотели

Резервација на сместување координирано со летот — без вашите вработени да го прават тоа одделно.

Rent-a-car

Организација на изнајмување возила на дестинацијата, усогласено со целото патување.

Промени и откажувања

Кога плановите ќе се сменат, ние реагираме веднаш — без вашите вработени да губат време.

Поддршка за патници

Вашите вработени имаат директен контакт за прашања и помош пред, за време и по патувањето.

Месечно фактурирање

Еден партнер, една фактура. Без координација на повеќе платформи и без вработените сами да резервираат и плаќаат.

Процес

Како започнуваме?

1

Краток разговор

Ни кажувате за вашата компанија, колку често патувате и што ви е потребно. Ги разбираме вашите приоритети.

2

Договор и поставување

Дефинираме начин на соработка, доделуваме посветен агент и ве воведуваме во системот.

3

Континуирана поддршка

Ги организираме сите патувања, праќаме фактури и реагираме при секоја промена.

Локален партнер

Со Авионет добивате локален партнер на кој можете да се потпрете — не само софтвер.

Меѓународните платформи нудат алатки. Авионет нуди алатки и луѓе. Кога е потребна брза одлука, промена или итна реакција, добивате одговор од тим кој го разбира вашиот профил и е тука за вас.

  • Посветен агент кој ја познава вашата компанија
  • Сѐ на едно место — еден партнер, една фактура
  • Локален контакт кој реагира веднаш — не call center

Побарајте понуда за соработка.

Испратете ни основни информации за вашата компанија. Ќе ви предложиме начин на соработка во рок од 24 часа.