Аеродромот во Рим – Fiumicino или Leonardo da Vinci–Fiumicino Airport , како што официјално се нарекува, со код FCO, е најголемиот аеродром во Италија, и по бројот на патници и по бројот на летови, а осми по големина во Европа. Тој се наоѓа на околу 35 километри југозападно од градот Рим, со кој е поврзан со железница и автобус.
Аеродромот има сопствена железничка станица – Stazione di Fiumicino Aeroporto, (возот Леонардо Експрес пристигнува за 30 минути на железничката станица Стационе Tермини во Рим). Има алтернативна линија, FL1 линијата ја претставува локалната железничка so којa многу побавно ќе дојдат до градот Рим, минувајќи низ многу населби. Оваа линија поаѓа на секои 15 минути. Аеродромот Леонардо да Винчи е поврзан со центарот на градот од страна на голем број на автобуски линии и конекцијата трае 45 минути до еден час.
Од Скопје до Рим оперира авиопревозникот Ал Италија, кој им овозможува на патниците од Македонија да бидат добро поврзани за летови до многу италијански градови, како и дестинации во Медитеранот, како и до Американските градови, како што се Њујорк, Атланта, Детроит….
Благодарение на добрите врски имаме поволни летови и конекции со Јужна Америка ( Сао Паоло, Рио де Жанеиро, Буенос Аирес) , Северна Америка ( Њујорк, Мајами) , како и Азија ( Абу Даби , Сеул, Токио) и многу други дестинации.
Дестинација | Опис | Цена |
SKOPJE – ROME | Авионска карта во еден правец со вклучени аеродромски такси | од 99 евра |
SKOPJE – ROME – SKOPJE | Повратна авионска карта во еден правец со вклучени аеродромски такси | од 183 евра |
SKOPJE – NEW YORK – SKOPJE | Повратна авионска карта во еден правец со вклучени аеродромски такси | од 658 евра |
SKOPJE – MIAMI – SKOPJE | Повратна авионска карта во еден правец со вклучени аеродромски такси | од 658 евра |
SKOPJE – SAO PAULO – SKOPJE | Повратна авионска карта во еден правец со вклучени аеродромски такси | од 658 евра |
*Цените се изразени во евра, додека пак плаќањето се врши во денарска противредност
*Во цените не е вклучена сервисната такса за издавање на картата