Ljubljana, Slovenia
ОПИС
Љубљана – главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море.
Тој е град со средна големина.
Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури.
Градот, со површина од 275,0 km2, се наоѓа во централниот дел на Словенија.
Климата на градот, како и климата во источниот дел на Словенија е од континенталнен тип. Во принцип, јули е најтоплиот месец а јануари и февруари се најстудените. Септември и октомври се највлажните месеци.
Во однос на транспорт/сообраќај, за јавниот превоз во градот одговорно е автобуско претпријатие кое е во сопственост на градот.
Градот поседува и многу добро уредени патеки за велосипеди, а со оглед на неговата големина велосипедите во голема мерка се користат за превоз од локалното население.
Љубљанската железничка станица е дел од железничката мрежа која ги поврзува Германија и Хрватска, како и АвстријаИталија и Будимпешта со Словенија.
Аеродромот во Љубљана, Јоже Пучник, лоциран на 26 километри на север од градот, има летови до многубројни европски дестинации (повеќе од 30). Меѓу компаниите што летаат од таму се Adria Airways, Air France, Brussels Airlines, EasyJet, Finnair…