ОПИС

Занзибар – е составен дел на Танзанија. Овој рај представува вистинско богатство на Индискиот океан, кој е спој на магијата, романтиката, мистеријата и егзотиката. Овој остров е познат по зачините и по тиркизното море и белиот песок. Поради тоа Занзибар уште го нарекуваат и најубавиот зачин на Индискиот океан, остров што мириса на цимет, ванила и какао. Уште од давнина ги привлекувал морепловците и другите светски патници, исто така бил мета и на освојувачите. Но денес, благодарејќи на својата историја, традиција и култура, како и на убавата природа, прекрасните плажи, кој е далеку од цивилизација, представува вистинско богатство и дел од рајот кој треба да се доживее. Можете да ги посетите: остатокот на палатата Марухуби, старото градско пристаниште, малиот остров Пемба, џамијата Кизимкази, локалните села – со куќи од камен и кал, плантажите со зачини, можете да го запознаете подводниот свет, каде што можат да се сретнат баракуди, туни, сипи, јастози и повеќе стотици видови други риби. Прекрасните хотели на самата плажа и удобните приватни куќи, кои ќе ве остават без здив со својата убавина се само дел да Занзибар Ви биде еден од најроматичните дестинации за незаборавен меден месец. Уживајте во тиркизното море и белиот песок.

Од Скопје до Занзибар оперира авиопревозникот Turkish Airlines.

Инфо за цена со TURKISH AIRLINES:
SKOPJE-ISTANBUL-ZANZIBAR-ISTANBUL-SKOPJE
Повратна авионска карта од 932 еур со вклучени аеродромски такси и багаж.

МОЖНОСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ХОТЕЛИ И ТЕРМИНИ ПО ВАША ЖЕЛБА:
Листа на хотели (мал дел од хотелите што ги нудиме):

-Paradise Beach Resort Hotel
цена за двокреветна соба на ден на база полупансион од… 129 еур
линк од хотелот: Paradise Beach Resort Hotel

-Bluebay Beach Resort And Spa Hotel
цена за двокреветна соба на ден на база полупансион од… 206 еур
линк од хотелот: http: Bluebay Beach Resort And Spa Hotel

-Sea Cliff Resort – Spa Hotel
цена за двокреветна соба на ден на база полупансион од… 264 еур
линк од хотелот: Sea Cliff Resort – Spa Hotel

-Azanzi Beach Hotel
цена за двокреветна соба на ден на база полупансион од… 265 еур
линк од хотелот: Azanzi Beach Hotel

… и многу други хотели.
Информации и резервации во АВИОНЕТ на тел. 02/ 3117-544