На релација Скопје-Барселона, со директен лет лета нискобуџетната компанија Wizz Air. Аеродромот во Барселона е со точен назив Aeroport de Barcelona – el Prat, е оддалечен од центарот на градот околу 12 км. Поврзаноста на аеродромот и градот е со автобуски и железнички линии. Од аеродромската железничка станица која се наоѓа кај Терминал 1 до градската станица Barcelona Sants station има конекција на секој половина час. Автобускиот превозник (TMB) – Transports Metropolitans de Barcelona има линија со бр.46 до центарот на Барселона и до плоштадот Plaça d’Espanya. Овој превозник има и регионални автобуски линии до областите Коста Дорада и Коста Брава.
Барселона е еден од најубавите и највозбудливите градови во светот. Има голем број на атракции, вклучувајќи центарот на градот кој го задржува својата средновековна улица ; прекрасна модернистичка архитектура, вклучувајќи и неколку згради од страна на Гауди – најпознатиот архитект на Шпанија ; десетици музеи меѓу кои и еден посветен на Пикасо.
Барселона е најактивна во текот на ноќта, но и во текот на денот има уникатна и возбудлива атмосфера која му овозможува на посетителот навистина незаборавно искуство.