Би сакале да Ве информираме дека Т.А. Авионет врши резервации и продажба на летовите на Qatar Airways, кој од 17.07.2017 почнува да лета четири пати неделно (понеделник, среда, петок и недела) од Скопје до Доха, со тоа што се овозможува одлично поврзување со далечните дестинации низ целиот свет.

По тој повод со задоволство Ве информираме дека за влез во Катар, за државјаните на Република Македонија, визата може да се добие на самиот влез со уплата од QAR 100 (или околу 27 USD).

За добивање на туристичка виза на самото влегување во Катар, потребно е да се исполнат следниве услови:

– важност на пасошот да не биде помал од 6 месеци од датумот на враќање

– патникот да има повратен авиобилет

– да има хотелска резервација и пари во висина од 1500 USD или кредитна картичка.

За сите дополнителни прашања Ве молиме да не контактирате на нашите телефонски броеви или на нашата е-мејл адреса.